Top Sport

Филипинците не успеја да направат изненадување, сигурни победи на Литванија и Германија

Пред 40 илјади луѓе во Манила, домаќините на СП во кошарка, Филипините не успеаја да стигнат до победа во првиот меч, губејќи со 87:81 од Доминиканската Република, додека Литванија и Германија ги декласираа своите противници.

Доминиканците почнаа подобро и ја одржуваа предноста до крајот на мечот, предводени од Карл Ентони Таунс, додека кај Филипинците, Џордан Кларксон заврши со 27 поени, 7 скока и 7 асистенции, меѓутоа направи пет лични грешки во финишот на мечот.

Германија, пак, рутинси стигна до 81:63 триумф над Јапонија, победа која можеше да биде и повисока, бидејќи Германците уште во првата четвртина направија предност од 24 поени! Мориц Вагнер имаше 25 поени и 9 скока, Денис Шредер додаде 14 поени, додека кај Јапонците, Јута Ватанабе уфрли 20 поени.

Слично убедлива победа имаа и Литванците, кои со 93:67 ја декласираа репрезентацијата на Египет.

МУНДОБАСКЕТ 2023
Доминиканска Република – Филипини 87:81 (22:18, 20:24, 24:22, 21:17)
Германија – Јапонија 81:63 (23:11, 30:20, 16:16, 12:16)
Египет – Литванија 67:93 (12:26, 22:20, 19:24, 14:23)

Scroll to Top