Top Sport

Франција ја освои бронзата, со тројки ја растурија Србија

Кошаркарките на Франција го освоија бронзениот медал на Олимписките игри во Токи, со победата над Србија од 91:76. Французинките со овој триумф им се реваншираа на Србинките за поразот од пред пет години во Рио, исто така во борбата за бронзата и за поразот во финалето на последното Европско првенство.

Франција со тројки ја растури одбраната на Србија, особено во третата четвртина, која беше клучна за конечниот исход на мечот.

По изедначеното прво полувреме, по кое Французинките стекнаа предност од три поени, во третиот нивната предност стана двоцифрена, а во решавачкиот период ја имаа најголемата разлика од 19 поени.

Србија имаше обид да се врати во мечот, со серија од 12:0, за две и пол минути тие дојдоа до минус од седум поени, но немаа сили за пресврт.

На крајот Французинките постигнаа 14 тројки, Србинките само пет и тоа беше елементот што го реши победникот.

Вилијамс со 17 и Мијем со 16 поени се истакнаа кај Франција. Американката Андерсон беше најефикасна кај Србија со 24 поени,

Финалето на женскиот турнир ќе се одигра утре од 4:30 часот по средно европско време. За златниот медал ќе се борат САД и Јапонија.

Scroll to Top