Top Sport

Францускиот кошаркар ќе ги пропушти олимписките игри

Францускиот кошаркар Венсан Поарије ќе ги пропушти претстојните Олимписки игри поради повреда на левиот зглоб, информират од Француската кошаркарска федерација.

Поарије се повреди на тренингот во петокот.

Тој беше на дополнителни лекарски прегледи, по што беше утврдено дека новиот кошаркар на Ефес нема да може да ги продолжи подготовките за ОИ.

Поарије (30) игра на центарската позиција, а пред четири дена потпиша договор со Ефес. Францускиот кошаркар во претходните три сезони настапуваше за Реал Мадрид.

Поарије освои сребрен медал со францускиот тим на Олимпијадата во Токио во 2021 година.

Кошаркарскиот турнир на ОИ ќе се игра од 27 јули до 10 август. На ОИ Франција ќе игра во групата Б со селекциите на Германија, Јапонија и победникот на квалификацискиот турнир во Летонија.

 

Scroll to Top