Французите во пресрет на Олимписките игри поради Џоел Ембид останале без Мајк Џејмс. Кошаркарскиот сојуз долго време го чекаше Ембид, кој доби пасош, но на крајот реши да игра за САД. Чекајќи го Ембид им пропадна можноста да го нагажират најдобриот стрелец во историјата на Евролигата.
Кошаркарскиот сојуз на Франција потврди дека бекот на Монако сакал да игра за „триколорите“.
Како што пренесува „Лекип“, претставници на Џејмс се обратиле до КС на Франција со прашањето дали може да игра за Франција.
Французите ја разгледувале можноста, но процесот беше одложен поради верувањето дека Џоел Ембид ќе ја избере Франција, а не Америка.
Откако Ембид ја донесе одлуката, Французите немаа време да реагираат, па на најголемиот спортски настан ќе настапат со домашни кошаркари.
Во меѓувреме, тренерот Винсент Коле го објави списокот за Олимписките игри на кој се:
Ендру Албиси, Метју Стразел, Тео Маледон, Килијан Хејс, Френк Нтиликина, Нандо де Коло, Еван Фурние, Билал Кулибали, Николас Батум, Исаја Кординие, Ели Окобо, Усман Диенг, Надир Ифи, Гершон Јабуселе, Руди Гобер, Виктор Вембањама, Матијас Лесор, Џејлен Хорд.