Френк Камински кариерата ќе ја продолжи во Сакраменто Кингс. Крилниот центар го раскинал договорот со Финикс Санс и како слободен играч договорил едно годишна соработка со Сакраменто.
Камински (27) е второто засилување во рекетот на Сакраменто. Претходно Кинс договорија соработка со центарот Хасан Вајтсајд.
Минатата сезона Камински имаше просек од 9,7 поени и 4,5 скока по натпревар.
Кариерата во НБА ја започнал во 2015 година, како деветти пик избран од Шарлот Хорнетс.