Милвоки Бакс по пауза од 18 години повторно ќе играат во финалето на Источната конференција. Бакс, во полу-финалето, со 4-1 ги елиминираа Бостон Селтикс. Петтиот меч од серијата Бакс го добија со убедливи 116:91.
Селтикс го добија првиот меч од оваа серија, а потоа во останатите четири забележаа убедливи порази од тимот што го имаше најдобриот резултат во основниот дел од сезоната во целата лига.
Милвоки победата ја најавија во првото полувреме, кое го завршија со предност од 16 поени. До крајот на мечот Селтикс само еднаш стигнаа до едноцифрен минус, а на крајот претрпеа убедлив пораз.
Јанис Адетокумбо за 31 минута на теренот забележа 20 поени и по осум скока и асистенции. Довцифрени беа и бековите на Милвоки: Крис Мидлтон (19), Ерик Бледсо (18) и Џорџ Хил (16).
Селтикс ги предводеше Кајри Ирвинг со 15 поени, но повотрно со лош процент на реализација 6/21.
Милвоки сега ќе имаат време за одмор, а во финалето го чекаат победникот од серијата помеѓу Торонто и Филалделфија. Торонто имаат предност 3-2, а шестиот меч се игра во петок во 2 часот, во Филалделфија.