Top Sport

„Фрик Грик“ ги засени Леброн и Дејвис (Видео)

Кошаркарите на Милвоки Бакс во дербито на досегашниот дел од сезоната ги победија Лос Анџелес лејкерс со 111:104. Милвоки со скор 25/4 ја предводат лигата, Лејкерс се зад нив со скор 24/5.

Милвоки не им дозволија на своите противници воопшто да размислуваат за победата. Водеа од почетокот до крајот, најголемата предност ја имаа во 20 минута (51:30), а на полувреме замина со плус од 19 поени (65:46).

Лејкерс дури во финишот на третиот период успеаја да се доближат на едноцифрена разлика (89:91), меѓутоа во ниту еден момент не успеаја да ја оспорат победата на Бакс.

Јанис Адерокумби со 34 поени, 11 скока и 7 асистенции ги засени ѕвездите на Лејкерс. Покрај грчкиот кошаркар одличен меч за Милвоки одиграа и Џордан Хил (21 поен), Крис Мидлтон (15 поени) и Весли Мерјус (13 поени).

Кај Лејкерс се истакнаа Ентони Дејвис (36 поени, 10 скока, 5 асистенции, 3 блокади) и Леброн Џејмс со седмиот трипл-дабл во сезоната (21 поен, 12 скока, 11 асистенции). Ист број на поени постигна и Дени Грин, тој погоди седум тројки од 12 обиди.

Scroll to Top