Top Sport

„Фрик Грик“ им пресуди на Ембид и Филаделфија (Видео)

Милвоки Бакс забележаа победа над Филаделфија 128:122 и го обезбедија првото место во лигата пред почетокот на плејофот. Бакс низ целиот плејоф ќе ја имаат предноста на домашниот терен.

Ниту еден од тимовите во текот на натпреварот немаше предност поголема од девет поени, а Бакс победникот го решија во финишот кога со серија 14:1 дојдоа до предност 127:119.

Мечот започна жестоко, со пресметката помеѓу домашниот центар Џоел Ембид и бекот на гостите Ерик Бледсо. Ембид ја фрли топката кон Бледсо, а бекот на Бакс агресивно му ја врати. Настана мешаница на теренот, а потоа судиите го исклучија Бледсо.

Бакс до победата ги предводеше Јанис Адетокумбо, кој се истакна со неколку блокади. „Фрик Грик“ мечот го заврши со 45 поени, 13 скока, шест асистенции и пет блокади. На спротивната страна Ембид забележа 34 поени и 13 скока, а ветеранот Џеј-Џеј Редик постигна 29 поени.

Милвоки Бакс се лидери на Истокот и воопшто во лигата со 59 победи и 20 порази, додека Филаделфија со овој пораз ја компромитира својата трета позиција во Источната конференција.

Филаделфија имаа скор од 49 победи и 30 порази, а потоа следуваат Бостон Селтикс и Индијана Пејсерс со 47 победи и 32 порази.

Scroll to Top