Top Sport

Габриел Дек ја заврши сезоната

Реал Мадрид, синоќа во Белград го победи Партизан (85:78) и се избори за мајсторка, по која ќе биде познат патникот на завршниот турнир во Каунас.

Победата во четвртиот натпревар, Реал скап ја плати. На три минути пред крајот остана без Аргентинецот, Габриел Дек. Тој со помош на луѓето од лекарскиот тим го напушти теренот.

Дек ја повредил надворешната тетива во левото колено во дуел со Зек Лидеј. Информациите од мадрид велат дека му претсоти подолга пауза.

Покрај Дек, Реал против Партизан во петтиот меч ќе биде без суспендираниот Јабуселе и повредениот Поирие.

Инаку, Аргентнецот беше вториот најкорисен играч на Реал Мадрид во Евролигата и втор најдобар во серијата против Партизан, па тренерот Ќус Матео ќе мора да најде алтернативно решение за да го надомести отсуството на еден од најдобрите играчи.

Аргентинецот беше еден од суспендираните по тепачката на двата тима на вториот меч во Мадрид, заработи еден меч суспензија и покрај тоа што беше меѓу најагресивните во пресметката меѓу двете страни.

Мајсторката ќе се одигра на 10 мај (21 ч.), а Партизан ќе биде посилен за својот капитен Кевин Пантер.

Scroll to Top