Top Sport

Гаги збесна на тајм-аут: Крвта ќе ви ја пијам, ги соблековте гаќите (Видео)

Поранешниот тренер на Карпош Соколи, Драган Гаги Николиќ, кој сега го предводи тимот на Игокеа е тема во регионалните медиуми поради тајм-аутот што го одржа на синоќешниот натпревар против Будуќност во АБА-лигата.

Будуќност, рутински ја совлада Игокеа (96:70), а во последниот период, кога играчите на актуелниот АБА-шампион ја правеа разликата, во текот на еден тајм-аут, Николиќ им порачал на своите кошаркари дека „ќе им ја пие крвта“.

„Ќе бидете мртви задутре…Крвта ќе ви ја пијам за оваа за……ја. Ги соблековте гаќите. Какви се ова шутеви?“, викал Гаги по своите кошаркари.

Николиќ, во сезоната 2016/2017 како тренер на Карпош Соколи го забележа најголемиот успех во историјата на клубот. „Соколите“ го освоија Купот на Македонија и во пет натпревари беа поразени од МЗТ во борбата за шампионската титула.

Scroll to Top