Top Sport

Тешка повреда на Дамченко во Светскиот куп во санкање (Видео)

Руската репрезентативка во санкање, Викторија Демченко (23), тешко се повреди на натпреварот во Светскиот куп, одржан во Кенигсеу, Германија.

На патеката Дамченко изгубила контрола врз саните, со главата удрила во мразот, а потоа и во оградата, и додека била во несвест продолжила да се движи по патеката.

Во тешка состојба таа била хоспитализирана.

Последните информации од болницата говорат дека младата Русинка има сериозни повреди на главата и дека нејзината здравствена состојба е стабилна.

Викторија е ќерка на прославениот Алберт Демченко, кој во санкање има освоени три сребрени олимписки медали.

Scroll to Top