Легендарниот шпански кошаркар Пау Гасол нема да се врати во Барселона, потврдил претседателот Џозеп Бартомеу.
„Пау е човекот кој многу ни помогна, тој е амбасадорот на Барселона во НБА лигата, наш претставник во САД. Ѕвезда е во НБА, Барселона нема пари за неговиот договор“, рекол Бартомеу.
Гасол пред еден месец наполни 40 години. Поради повреда тој нема одиграно натпревар цела година, не играше и на Светското првенство во Кина.
Гасол во Барселона играше од 1998 до 2001 година, а потоа замина во НБА, најпрвин во Мемфис, а потоа и во ЛА Лејкерс, Чикаго, Сан Антонио и Милвоки. Со Лејкерси два пати ја освоил шампионската титула.