Top Sport

Гасол емотивен пред финалето со Реал: Можеби ова ми е последниот меч!

Кошаркарите на Барселона вечерва од 22 часот на свој паркет го играат против Реал Мадрид вториот меч од финалната серија од плеј-офот во шпанската АЦБ лига.

Каталонците направија брејк во првиот меч, па вечерва можат со триумф да стигнат до 17-тата титула во историјата на Шпанија.

Мечот во „Блауграна“ може да е последниот во пребогатата кариера на легендарниот шпански центар – По Гасол.

„Ова би можело да биде мојот последен меч. Во годините често размислував дека поради повредите последниот натпревар требаше одамна да го одиграм“ рече Гасол.

40-годишниот кошаркар во февруари се врати во Барселона и во домашниот шампионат до сега просечно бележеше 10,3 поени и 4,9 скока на меч.

Во текот на богатата кариера не натапуваше за ниту еден друг европски клуб, а во НБА со голем успех настапуваше за Мемфис, Лејкерс, Чикаго, Сан Антонио и Милвоки.

Scroll to Top