Top Sport

Ериксен ги гледал последните 10 минути од мечот на кој беше клинички мртов

Селекторот на фудбалската репрезентација на Данска, Каспер Хјулманд пред мечот од второто коло на ЕП против Белгија зборуваше за Кристијан Ериксен. Тој истакна дека вестите за добрата состојба на Ериксен им даваат сила на соиграчите, а откри и дека Кристијан успеал да ги погледне последните 10 минути од мечот против Финска.

„Тоа ни дава многу причини за радост и смеа. Нестварно е да се замисли дека тој човек таму седи насмеан. Нестварно е да чуеме дека ги гледал последните 10 минути од натпреварот“ вели Хјулманд.

Тој нагласи дека сега кога состојбата на Ериксен е подобра, можат се повеќе да мислат на фудбалот.

„Фактот дека тој таму лежи и се смешка ни дава еден импулс да можеме да се концентрираме на фудбалот и на мечот во четврток“ – вели селекторот.

Scroll to Top