Top Sport

Газдата на Клиперс за 400 милиони долари го купил легендарниот „Форум“

Лос Анџелес Клиперс ќе добијат свој дом. Клиперс го делат „Стејплс Центар“ заедно со ривалите Лејкерс, а според најновите информации тие во блиска иднина ќе се преселат во Ингвуд.

Сопственикот на франшизата Стив Балмер договорил за 400 милиони долари во кеш да го купи легендарниот „Форум“.

Балмер неколку години има план за својот клуб да изгради арена со капацитет од 18.000 места за седење и тоа во Инглвуд. Пречка на неговите планови била арената „Форум“.

Сопственик на „Форум“ беше компанијата Медисон Сквер Грден. Оваа компанија е сопственик на франшизата Њујорк Никс. На чело на компанијата се наоѓа првиот човек на Никс Џејмс Долан.

Долан со години одбивал да го продаде „Форум“ бидејќи се противел на изградбата на новата арена. Откако ја доби правната битка Балмер објави дека легендарната арена нема да биде срушена туку ќе остане како атракција покрај новиот објект што треба да биде изграден.

Во легендарната арена и понатаму ќе се одржуваат концерти, а вработените ќе добијат нови договори.

Новата арена треба да биде изградена најдоцна до 2024 година.

Scroll to Top