Сопственикот на Панатинаикос, Димитри Јанакопулос им се закани на своите кошаркари по договорот кој беше склучен меѓу Евролигата и играчите околу исплатата на платите додека се паузира од кошарката.
Евролигата и Асоцијацијата на кошаркари во Евролигата (ЕЛПА) се согласија дека клубовите имаат обврска да исплатат барем 80 отсто од платите за 2019/20 дури и сезоната да биде прекината. Јанакопулос не се согласува.
„Дали очекувам кошаркарите да помогнат? Добра шега! Тие бараат 80 отсто од нивните договори, а изработеа само за 65 отсто. Ќе видиме кој ќе се смее последен“, напиша Јанакопулос одговарајќи на прашање на Инстаграм.
Доколку сезоната во Евролигата продолжи, кошаркарите ќе треба да добијат 85 отсто од платите, а исплатата треба да се направи до 15 август 2020.