Top Sport

Газдата на ПАО: Од мафијата на Бартомеу дојдовме до мафијата на Бодирога

Сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос на саркастичен начин го коментираше судењето на натпреварот Валенсија-ПАО.

Јанакопулос е познат како некој кој со години е во војна со раководството на Евролигата. Војуваше со претходното, а сега војува и со новото раководство.

„Ќе го кажам само ова, победувале или губеле, од мафијата на Бертомеу дојдовме до мафијата на Бодирога“, напиша Јанакопулос на социјалните мрежи, а пренесува грчка „Прототема“.

На крајот, ПАО, во драматична завршница победи во Валенсија со 82:81. Следниот грчкиот тим ќе го игра во вторник Ефес.

Scroll to Top