Германските кошаркари во неделата ја победија Словенија со убедливи 90:71 во квалификациите за Светското првенство. Словенците предводени од Лука Дончиќ не можеа да се спротивстават на разиграниот домаќин, со кој ќе се сретнат во групата на Евробаскетот кој започнува на 1. септември.
Дончиќ беше најдобар поединец кај Словенците со 23 поени, шест скока и пет асистенции, но германските медиуми истакнуваат дека не му било лесно да го постигне тој учинок.
Така порталот „sueddeutsche.de“, објави дека радоста што ја чувствувал ноќта пред натпреварот исчезнала кога го чувале Вајлер-Баб, специјалист за одбрана во Евролигата и младиот НБА играч Франц Вагнер.
И токму поради таа спомната радост текстот одекна во САД. Имено, како што тврди овој портал, и Словенците и Германците биле сместени во ист хотел. Дончиќ ноќта пред натпреварот ја поминал многу опуштено.
„Седеше далеку од толпата, играше карти, пиеше кока-кола и пушеше цигари“, пишува порталот.
Германија е еден од четирите домаќини на овогодинешниот Евробаскет, а освен во групата Б ќе биде домаќин и на финалето на турнирот. Истовремено е во најсилната група заедно со Германија и Словенија се уште Франција, Литванија, Босна и Херцеговина и Унгарија.