Top Sport

Ѓорѓевиќ на местото на Кокошков во Фенербахче?

Поранешниот српски селектор, Александар Ѓорѓевиќ, би можел да го наследи сонародникот Игор Кокошков на кормилото на Фенербахче, пишува „Спортски журнал“.

Кокошков, не успеа со Србија да избори пласман на Олимписките игри во Токио, поради што најверојатно ќе добие отказ, а поради неуспешната сезона во Истанбул, истото може да му се случи и во Фенербахче.

Неколку дена Кокошков се поврзува со Далас Маверикс. Медиумите тврдат дека тој ќе му биде прв помошник на новиот тренер на Далас, Џејсон Кид.

Ѓорѓевиќ, минатата сезона ја мина во Виртус. Со клубот од Болоња по 20 години успеа да стане шампион на Италија. На крајот од сезоната замина од Виртус, а на неговото место дојде шпанскиот селектор Серџо Скариоло.

Доколку се случи оваа рокада во Фенербахче, тоа значи дека во клубот не отстапуваат од српски тренери. Пред Кокошков, Фенербахче со многу успех го предводеше Жељко Обрадовиќ.

Scroll to Top