Top Sport

Ѓорѓевиќ сакал да го донесе Теодосиќ во Виртус

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Србија и од пред еден месец тренер на Виртус Болоња, Александар Ѓорѓевиќ, во летниот преоден рок ќе се обиде да го донесе во својот тим Милош Теодосиќ, тврди италијанскиот весник „Ла Република“.

„Тие имаат одличен однос, како да се татко и син“, напишал новинарот Валтер Фуоки.

Според него Виртус ќе има тешка задача да го убеди поранешниот играч на ЛА Клиперс, да се пресели во Болоња.

„Тодосиќ е еден од најдобрите европски плејмејкери и има сериозни финансиски барања. Пријателството што го има со селекторот на Србија би можело да биде клуч, Виртус успешно да ја завршат оваа работа“.

Милош Теодосиќ, во февруари ја раскина соработката со ЛА Клиперс, се врати во Европа, но реши да не настапува до крајот на сезоната. Сериозен интерес за него покажува Анадолу Ефес.

Scroll to Top