Top Sport

Го прашаа Дончиќ кој е најдобриот на сите времиња, а тој одговори како од пушка

Далас и Минесота деновиве играат неколку егзибициски натпревари во Абу Даби пред наскоро да започне НБА лигата, а Лука Дончиќ е најголемиот магнет за тамошната публика. Словенечката ѕвезда е во фокусот на јавноста на теренот и надвор од него, а на прес-конференција во главниот град на ОАЕ, Дончиќ беше запрашан кој според него е најдобриот кошаркар на сите времиња.

Дончиќ без многу размислување рече: „Мајкл Џордан“.

На почетокот тој одговор изгледа логичен бидејќи во речиси сите дискусии за најдобриот досега Џордан завршува на самиот врв, но сепак многумина беа изненадени од реакцијата на Дончиќ и очекуваа тој да го избере Леброн Џејмс.

Имено, познато е дека Дончиќ во текот на кариерата никогаш не го криел своето воодушевување од Леброн, а често зборува за тоа како го преплавила среќата кога Џејмс како дебитант по натпреварот му подарил дрес од Лејкерс. Сепак, за Дончиќ, легендата на Чикаго Булс и понатаму е најдобар играч на сите времиња.

Scroll to Top