Top Sport

Го прескокна противникот и ја заби топката во кошот (Видео)

На натпреварот помеѓу колеџ екипите на Мареј Стејт и Тенеси Мартин видено е забивање слично на она што Винс Картер го изведе против Франција, во финалето на Олимписките игри во 2000 година.

Легендарниот Картер, тогаш буквално го прескокна центарот на Франција, Фредерик Вајс и брутално ја заби топката во кошот. Сличен потег две децении подоцна изведе играчот на Мареј Стејт, Ја Морант.

Тој го прелета противничкиот играч и со една рака ја заби топката во кошот, што предизвика делириум на трибините.

Погледнете го забивањето на Морант од неколку агли.

https://twitter.com/twitter/statuses/1083578672303521792

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');