Top Sport

Разликата помеѓу Интер и Икарди е три милиони евра

Интер се подготвени да му понудат годишна плата од седум милиони евра на капитенот Мауро Икарди, доколку тој се реши да го продолжи договорот. Според италијанските медиуми, ова е најмногу што клубот може да му понуди на својот најдобар играч и стрелец.

Челниците на Интер во текот на наредната недела, најверојатно во вторник, најавиле дека ќе одржат состанок со сопругата на Икарди, Ванда Нара, која воедно е и негов менаџер. Клубот нуди договор до јуни 2023 година и плата од седум милиони евра плус одредени бонуси.

Според шпекулациите, менаџерката не прифаќала помала плата од 10 милиони евра на годишно ниво.

Во договорот на Икарди постои клаузула од 110 милиони евра, која важи за клубовите надвор од Италија во првите две недели од јули.

Исто така, според медиумите, Интер сака во новиот договор да нема откупна клаузула.

Scroll to Top