Генералниот менаџер на кошаркарскиот клуб Фенербахче – Џенк Ренда се огласи по смената на доскорешниот тренер на клубот Игор Кокошков и новиот кормилар, Александар Ѓорѓевиќ.
Ренда тврди дека големите промени во играчкиот кадар треба да ги задоволат високите амбиции на клубот.
„Се надеваме дека сезоната ќе е здрава и без повреди и дека ќе играме добра кошарка. Имаме нов тренер, сакаме заедно да презентираме кошарка која му доликува на Фенербахче. Тежнееме да освоиме три трофеи (Евролига, првенство и Куп). Засега ги завршивме трансферите како што посакувавме. Ако Ѓоршевиќ по подготовките смета дека треба да ангажираме уште некој играч, ќе разговараме со раководството. Моментно не сме во преговори со други играчи – рече генералниот менаџер на „жолто-црните“.
На заминување на Игор Кокошков во НБА во тимот не се надевале, но:
„Разделбата со Кокошков беше неочекувана. Но ние сме тим кој секогаш има план Б. Веднаш го решивме овој хаос и почнавме со новиот тренер без последици“ рече Ренда.