Top Sport

Никој не мисли дека Леброн е најдобриот во НБА – тој само се заблагодари!

Ѕвездата на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс не доби ниту еден глас за најдобар играч во НБА лигата.

Пред почетокот на сезоната претставници и генерални менаџери во НБА тимовите гласаат за тоа кој е најдобриот играч во лигата, и зачудувачки Леброн не добил ниту еден глас.

По 5 претставници на тимовите гласале за Јанис Адетокумбо и за Кевин Дурент.

Главната причина е што грчкиот кошаркар го однесе Милвоки до титулата по пауза од 50 години, а Дурент „ги носеше на грб“ Нетси откако Харден и Ирвинг се повредија.

Следуваше реакција од „кралот“ на Твитер:
„Ви благодарам! Само ми додадовте уште малку гориво“ напиша Џејмс.

Scroll to Top