Top Sport

Голден Стејт поразени со 40 поени разлика (Видео)

Јута го декласира актуелниот шампион во НБА лигата, Голден Стејт Вориорс со 119:79. Тимот од Солт Лејк Сити контролата ја презеде уште во првиот период што го доби со 33:16.

Јута со овој триумф остана во трката за третата позиција на Западот. Конкурент за таа позиција е Портланд, со кого Јута ќе игра вечерва.

Донован Мичел постигна 22 поени. Тој на овој меч стана играчот со најмногу постигнати тројки во својата руки сезона. Мичел стигна до 186 постигнати тројки во сезоната и го надмина претходниот рекорд на Демијан Лилард.

На спотивната страна Клеј Томпсон постигна 23 поени, а Кевин Дурент застана на бројката од 13 кошеви.

Голден Стејт регуларниот дел од сезоната ја заврши со 58 победи и 24 порази, а Јута има 48 победи и 33 порази.

Хјустон, предводен од Крис Пол (22 поени) и Џејмс Харден (21 поен, 10 асистенции) ги победија ЛА Лејкерс 105:99. Играчите на Хјустон ја забележаа 31.победа на последните 34 натпревари.

Вашингтон со повратникот во тимот Џон Вол го совладаа Бостон 113:101. Вол мечот го заврши со 29 поени и 12 асистенции. Бекот на Вашингтон ја мина бројката од 5.000 асистенции во кариерата.

Шарлот ја надигра Индијана 119:93. Френк Камински го одигра најдобриот меч во сезоната, тој постигна 24 поени, а Двајт Хауард забележа 14 поени и 17 скока. Тренерот на Индијана на овој меч ги одмораше главните играчиВиктор Оладипо и Бојан Богдановиќ.

Во дуелот на Далас и Феникс победија гостите 124:97. Овое тимови за во трката за што подобра позиција на престојниот драфт. Алек Питерс со 26 поени беше најефикасен играч на натпреварот.

Scroll to Top