Кошаркарите на Голден стејт Вориорс го добија петтиот меч од полу-финалната серија со Хјустон Рокетс и се на чекор до пласман во финалето на Западот. Вориорс победија 104:99 и во серијата водат со 3-2.
Вориорс силно влегоа во натпреварот, имаат двоцифрена предност на крајот од првиот период (31:17), во втората нивната предност изнесуваше и 20 поени, но Рокетс во третиот период се вратија во натпреварот.
Во финишот на третата четвртина Вориорс останаа без својот најдобар играч Кевин Дурент. КД го повреди листот на десната нога, замина во соблекувалната и повеќе не се врати на теренот.
Хјустон имаа предност во последниот период, кога Стеф Кари реши да ја преземе одговорноста и на крајот да го однесе својот тим до победата.
Најефикасен играч на Вориорс беше Клеј Томпсон со 27 поени, Стеф Кари постигна 25, а Дрејмонд Грин имаше 8 поени, 12 скока и 11 асистенции, до повредата Дурент постигна 22 поени.
Џејмс Харден уште еднаш беше најефикасен кај Хјустон, тој постигна 31 поен, но само четири од нив беа во последната четвртина.
Серијата сега се враќа во Тексас, каде Хјустон ќе бидат домаќини во шестиот меч, в сабота од четири часот.