Top Sport

Голем пресврт на Франција против Литванија

Кошаркарите на Франција го добија дербито од 2.коло од групата Б на Европското првенство против Литванија со резултат 77:73.

Натпреварот беше решен во последниот дел, во кој Франција надополни негатива од шест поени, а потоа со добра одбрана го приведе натпреварот кон крајот.

Литванците не најдоа одговор за шутот на Франција во самата завршница, особено тоа се однесува на Еван Фурние, кој мечот го заврши со дури 27 поени, пет скока и три асистенции.
Во тимот на „триколорите“ немаше повеќе двоцифрени играчи: Јабуселе постигна девет, Тарпеи и Гобер по осум, а Фал шест.

Кај поразениот тим двоцифрени четворица: Валанчиунас 15, Јокубаитис 14, Григонис 13 и Браздеикис 12 поени.

Франција сега има скор 1-1, додека Литванците се на 0-2 и ги чека дуел против домаќинот Германија кој забележа две победи на стартот од превенството.

Scroll to Top