Германскиот кошаркар Дирк Новицки целата своја НБА кариера ја помина во еден клуб, Далас Маверикс, со кој во 2011 година го освои шапионскиот прстен.
На крајот на регуларниот дел сезонава Новицки реши да ја заврши кариерата.
Далас се реши да му се оддолжи на кошаркарот со тоа што една од улиците во градот ќе го носи неговото име.
ЕСПН пренесе дека градскиот совет официјално одобрил улица во близина на арената на Маверикси да се вика „улица Новицки“.
Германецот во најсилната светска лига дојде во 1998 година. За Далас одигра 1.521 меч со просек од 20,7 поени.