Top Sport

Србија со ѕвезден состав на Мундобаскет во обид да ги загрозат САД

Селекторот на кошаркарската селекција на Србија, Александар Ѓорѓевиќ го објави поширокиот список со 34 кошаркари од кои ќе го направи филтерот со 12 играчи, за претстојниот Мундобаскет во Кина.

Србите, според потенцијалот на играчите со кој располагаат, сигурно се кандидати за медал во Кина. Апетитите растат и кај северниот сосед сметаат дека можат да се носат и со недопирливите Американци.

Сите повикани играчи се одзваа на поканата за настап на селекцијата, па сега селекторот Ѓорѓевиќ ќе биде на слатки маки кого да поведе со себе во Кина.

Србија е во групата Д на СП, заедно со Ангола, Италија и Филипини.

Ова е првичниот состав на Србија:

Плејмејкери – Милош Теодосиќ, Стефан Јовиќ, Василије Мициќ, Илија Ѓоковиќ, Стефан Пот

Бекови шутери – Немања Недовиќ, Богдан Богдановиќ, Драган Милосављевиќ, Марко Гудуриќ, Бранко Лазиќ, Алекса Аврамовиќ, Дејан Тодоровиќ, Вања Маринковиќ, Огњен Јарамаз

Ниски крила – Владимир Лучиќ, Марко Симоновиќ, Огњен Добриќ, Никола Калиниќ, Немања Дангубиќ, Раде Загорац

Високи крила – Немања Бјелица, Милан Мачван, Стефан Бирчевиќ, Стефан Јеловац, Никола Мишковиќ, Бориша Симаниќ, Драган Апиќ

Центри – Никола Јокиќ, Мирослав Радуљица, Никола Милутинов, Бобан Марјановиќ, Огњен Кузмиќ, Дејан Кравиќ, Никола Јовановиќ.

Scroll to Top