Top Sport

(Видео) Големиот Луиџи Датоме стави крај на кариерата

Италијанскиот кошаркар Луиџи Датоме (35) стави точка на својата богата кариера со мечот против Словенија во борбата за 7. место на Светското првенство.

Датоме претходно најави дека ова натпреварување ќе му биде последно во кариерата.

Во последниот натпревар ги постигна и последните поени во кариерата.

ФИБА емотивно се прости од еден од најдобрите италијански кошаркари во изминатите две децении.

По натпреварот зборуваше и Џиџи Датоме.

„Нашата химна беше емотивна, сè излезе од нас. Се чувствувам благодарен за се што ми се случи досега во животот. Им благодарам на сите што ми покажаа љубов и почит досега во кариерата”, изјави Датоме по натпреварот и додаде:

„Можам да им се заблагодарам на сите, судии, соиграчи, противници… Се чувствувам благодарен и среќен. Ќе се видиме повторно“, изјави Датоме во изјава за „Спорт клуб“.

Во својата долга репрезентативна кариера, Датоме играше за Италија на пет европски првенства и едни Олимписките игри.

На клупски план ги бранеше боите на Сиена, Скафати, Рома, Деторито, Бостон, Фенербахче и Олимпија од Милано.

Scroll to Top