Големата надеж на српската кошарка, Тристан Вукчевиќ, го напушти Реал Мадрид. 18-годишниот центар кариерата ќе ја продолжи во Партизан.
Вукчевиќ е син на поранешниот кошаркар на Црвена звезда, Душан Вукчевиќ. Минатата сезона дебитираше за првиот тим на Реал. Оваа сезона во Евролигата на 12 натпревари има просек од 2,2 поени и 1,3 скока. Малку подобри бројки, 3,3 поени и 2,2 скока, има во шпанската лига.
Партизан објави дека со Вукчевиќ потпишале повеќе годишен договор.
Вукчевиќе е роден на 11.март 2003 година. Има државјанства на Србија, Шведска и Грција.
Поради потеколото на неговите родители, таткото е Србин од Босна и Херцеговина, а мајката Швеѓанка со грчко потекло, местото на раѓање (Сиена, Италија) и државите во кои живеел има право да настапува за шест репрезентации (Србија, Босна и Хрцеговина, Шведска, Грција, Италија, Шпанија). Тој на крајот ја одбра Србија.