Кошаркарот на Монако, Џордан Лојд, е новото засилување на Ефес, објави турскиот клуб.
Американецт со полски пасош ќе потпише едногодишен договор со клубот предводен од Србинот Игор Кокошков.
Ефес му плати отштета на Монако бидејќи Лојд имаше договор со тој тим до следното лето.
Вицешампионот на Евролигата потврди дека Лојд го напуштил клубот, така што неговото доаѓање беше официјализирано од Ефес. Лојд импресионираше со своите игри во дресот на Полска на Европското првенство, каде што, заедно со Матеус Понитка, даде клучен придонес во пласманот на селекцијата на Игор Миличиќ во четвртфиналето.
Овој комбо бек имаше просек од 22,4 поени, 3,3 скока и две асистенции по натпревар.
Во вторникот, вицешампионот на Евролигата го официјализираше доаѓањето на плејмејкерот на Бурса, Давид Мишино, а малку порано, Монако го засили и бекот на Црвенз звезда, Немања Недовиќ.
Лојд требаше да има важна улога во тимот и следната сезона, но поради неговите одлични игри на Евробаскетот, неколку клубови од Евролигата веќе контактираа со неговите менаџери.
Реал исто така беше заинтересиран за Лојд, но тој трансфер не успеа бидејќи имаше премногу пречки.
Тој играше и за Хапоел Елиот, пред да игра за Репторс и развојната Џи лига, а потоа играше за Валенсија, Звезда, Зенит, Макаби и Монако.
Тимот предводен од српскиот тренер Игор Кокошков се засили ова лето со Ајзеа Кординије, Јоргос Папајанис, Ник Вајлер-Баб, Давид Мутаф, Брајс Дезер, како и НБА играчите Кол Свајдер и Кај Џонс.