По фантастична кариера од 22 години, грчката кошаркарска легенда Василис Спанулис потврди дека се пензионира.
Во својата кариера Спанулис освои голем број на титули, вклучувајќи три од Евролигата (2009, 2012, 2013), истите години во кои беше МВП на фајнал-фор турнирите. Тој е лидер на Евролигата по бројот на поени (4455) и асистенции (1607). Тој освои и седум грчки титули и четири Купови на Грција, а со репрезентацијата освои злато на Евробаскетот во 2005, сребро на СП во 2006 и бронза на Евробаскетот во 2009 година.
„Дојде време да се стави крај на најголемото поглавје во мојот живот и благодарам за работите кои ги направивме заедно. Кошарката ми даде уникатна можност да уживам во животот и во блескавите моменти. Олимпијакос се покажа како моја судбина и најубаво пристаниште на светот. Си заминувам гордо, бидејќи опстанав подолго од што очекував. Благодарам со цело срце, Василис Спанулис, едно дете кое сонуваше да игра кошарка“, напиша Спанулис на социјалните мрежи.
??? EuroLeague
??? EuroLeague Final Four MVP
? EuroLeague MVP
??? All-EuroLeague 1st Team
????? All-EuroLeague 2nd Team
??????? Greek League
???? Greek Cup
??? Greek League MVP
??? Greek Finals MVP
?? EuroBasket
? World CupA LEGEND is OUT pic.twitter.com/7epZKcSO3X
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) June 26, 2021