Top Sport

Грчкиот „џин“ Адетокумбо: Не сум арогантен, ама никој не може да ме запре

Првата ѕвезда на НБА тимот, Милвоки Бакс, грчкиот центар, Јанис Адетокумбо има прилично високо мислење за себе. Тој не ги криеше емоциите по победата на својата екипа над тимот на Индијана.

Гркот на мечот повторно „експлодираше“, а на крајот по неговиот рипл-дабл учинок изјави:

„Не сакам да испаднам арогантен или препотентен затоа што навистина не сум таков, но мислам дека не постои играч кој може да ме запре„

Адетокумбо оваа година просечно постигнува по 27,2 поени на меч, надополнето со 12,7 скока и 6 асистенции.

Scroll to Top