Top Sport

Лопетеги првпат по отказот од Реал: Не можев да спијам, не знаев кај сум

Шпанскиот фудбалски тренер, Хулен Лопетеги првпат по отказот од Реал Мадрид си ја отвори душата и проговири за тоа што му било во главата додека бил на клупата на кралскиот клуб. Лопетеги во разговор за ББС го прекина повеќемесечниот молк и раскажа повеќе детали.

Тренерот надевајќи се дека ќе може да го тргне притисокот од шпанските репрезентативци кои требаше да ги води на мундијалот во Русија минатата година, не им кажал за одлуката на Кралскиот клуб да го назначат за кормилар на клубот.

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, Луис Рубиалес решил веднаш да го тргне Лопатеги од селекторската позиција, на само 2 дена пред почетокот на Мундијалот откако дознал дека Хулен веќе се договорил со Реал.

„Работата со Реал едноставно се случи, не можев да го бирам тајмингот. Знаев дека не е искрено информацијата да ја кријам цел месец, па излегов пред новинарите. Играчите реагираа сјајно, но претседателот не“ – вели Лопетеги.

Шпанскиот стручњак мораше да ја напушти репрезентацијата, 5 часа патувал од Москва до Мадрид, а тоа беше почеток на непроспиените ноќи за него.

„Не спиев, не знаев каде сум. Еден ден си во Русија, се подготвуваш за СП, а другиот ден си на „Бернабеу“ со други момчиња. Емоциите си го направија своето, се е случи многу бргу“ – вели шпанскиот тренер.

Радоста и среќата на Шпанецот не траеја долго затоа што неколку месеци подоцна по поразот од Барселона Реал го отпушти Лопетеги.

„Добро почнавме, но влеговме во криза и 3 недели имавме лоши резултати. Бев сигурен дека и тоа ќе помине, ама едноставно немав време“ – искрен е Лопетеги.

Scroll to Top