Top Sport

Грег Попович: Не сакам да умрам!

Еден од најголемите умови во кошарката, американскиот тренер Грег Попович (71) кој е Србин по татко, а Хрват по мајка вели дека животот во Орландо, каде се сместени сите НБА тимови кои ќе го продолжат шампионатот по пандемијата на коронавирусот, му делува побезбедно за разлика од Тексас.

„Не сакам да умрам. Носам маска постојано секаде, не треба повеќе од половина мозок за оваа ситуација да се сфати сериозно“ вели Попович.

Во деновите кога корона-бројачот во САД покажува 3.8 милиони заразени, тој како докажан лидер на анти-Трамп кампањата смета дека властите во Тексас се однесуваат кукавички наместо да ги следат препораките кои ги испраќаат докторите.

„Пораките кои ни се испраќаат се небулозни. Се работи само за политика“ – смета кошаркарскиот тренер.

Scroll to Top