Top Sport

Грег Поповиќ: Дуда е кошаркарска икона со карактер поголем од животот

Тренерот на Сан Антонио Спарс, Грег Поповиќ, се прости со Душан Ивковиќ, кој почина вчера во Белград. Попович е еден од најдобрите тренери во историјата на НБА лигата. Го предводел Сан Антонио до пет шампионски титули, а лигата три пати го прогласила за тренер на годината.

„Душан Ивковиќ беше икона во кошаркарскиот свет. Имаше карактер поголем од животот, беше господар на оваа игра. Времето што го поминав со нег во Европа и САД, секогаш беше исполнето со моменти на воодушевување и впивање на знаење. Сочувство до Нена и нејзиното семејство“, напишал Грег Поповиќ, во пораката која ја пренесе неговиот клуб Сан Антонио Спарс.

Легендата на светската кошарка, Душан Дуда Ивковиќ, ќе биде погребан во вторник.

Scroll to Top