Top Sport

Зенга: Поради парите направив две големи грешки во кариерата

Валтер Зенга, поранешниот голман на Интер и Сампдорија, во интервју за „Кориере дело Спорт“, проговорил за погрешните одлуки кои ги направил како тренер. Неколку години неговата тренерска кариера оди по надолна линија.

Зенга е првиот тренер кој успеа на Црвена звезда да и обезбеди место во фазата по групи во натпреварување под капата на УЕФА. Со клубот потоа ја освои двојната круна и на општо изненадување замина во Газијентеп.

Катанија успеа да ја спаси од испаѓање, а во наредната сезона клубот се пласираше на деветтото место во Серија А. Потоа решил да ја прифати понудата на Палермо.

„Проклети пари. Решв да замина од Црвена звезда и Катанија само поради тоа што други ми нудеа повеќе пари. Денес гледам дека тоа беше грешка. Требаше да останам и да учам, да созреам“, рекол Зенга.

Открил и дека најтешкиот момент во голманската кариера му бил кога Интер го разменил за Џанлука Паљука.

„Не сметам дека бев симбол на клубот, но ред мора да има. Интер беше мојот дом, смета дека сум клупска легенда, 22 години го носев тој дрес. Се надевам дека еден ден ќе бидам тренер на Интер“, рекол Зенга.

Scroll to Top