Top Sport

Грег Поповиќ влезе во историјата на НБА

Грег Поповиќ стана тренер со најмногу победи во НБА лигата. Изминатата ноќ тој ја забележа 1.336 победа во кариерата. Сан Антонио Спарс славеа во дуелот со Јута Џез 104:102. На вечната листа, Поповиќ, го мина Дон Нелсон.

„Ова е успех за сите луѓе кои работеле со мене, ива не е индивидуален успех. Кошарката е тимски спорт“, рекол Поповиќ.

Грег Поповиќ 26 години е тренер во Сан Антонио Спарс, во моментов тоа е најдолг стаж на еден тренер во професионалните спортови во САД.

Со Сан Антонио, Поповиќ освоил пет шампионски титули.

Scroll to Top