Блејк Грифин се врати по пауза од 14 натпревари за да ги предводи Лос Анџелес клиперс (15-19) до 121:106 победа над градските ривали Лејкерс (11-23) во „Стејплс центарот“.
Откако пропушти повеќе од месец дена со повреда, Грифин беше најефикасен во мечот со 24 поени, шест скока и шест асистенции за Лејкерси да го забележат својот петти пораз во низа. Покрај Грифин уште шест играчи на Клиперси имаа над двоцифрени поени, вклучувајќи ги Монтерзл Харел (15 поени, 9 скока) и Деандре Џордан (12 поени, 16 скока).
Феникс санс пак, стигнаа до 111:101 победа над Сакраменто кингс, додека Шарлот хорнетс славеа против актуелниот шампион Голден Стејт вориорс со 100:111.
Санси водеа во текот на целиот меч, пред Кингси да се вратат во финишот на мечот. Девин Букер и Тиџеј Ворен имаа по 26 поени, додека Зек Рендолф постигна 14 поени.
Хорнетси пак, одиграа одлична партија против Вориорси откако по израмнетото прво полувреме во второто блесна Двајт Хауард со 29 поени и 12 скокови за импресивна победа.