Top Sport

Григонис и Жалгирис со нов шок за Фенер!

Мариус Григонис и Жалгирис  ставија „сол на раната“ на Фенербахче, победувајќи ги со неверојатна последна четвртина во Истанбул со 79:76. Григонис имаше 19 поени, вклучувајќи ги последните четири на мечот за нов пораз за турскиот гигант под водство на Жељко Обрадовиќ.

Зек Ледеј додаде 16 поени, а Жалгирис го заврши мечот со 10:0 серија која беше клучна за втора сезона едноподруго да победат во Истанбул. За Фенербахче, Нандо де Коло имаше 29 поени, Дерик Вилијамс додаде 12, а Костас Слукас имаше 13 поени и 9 асистенции, но Фенер го забележа петтиот пораз во шест кола во Евролигата.

По израмнетата прва четвртина (17:17), Фенер поведе со 40:33, и на крајот на третата четвртина имаа осум поени предност (58:50). Меѓутоа, Жалгирис намали на 69:67 на четири минути пред крајот по тројката на Едгарас Улановас, по што повторно се вратија на поен разлика (76:75) на 47 секунди пред крајот, пред да почне шоуто на Григонис.

ЕВРОЛИГА, 6.КОЛО

Зенит Петербург – ЦСКА Москва 70:87 (15:26, 22:22, 22:13, 11:26)

Фенербахче – Жалгирис Каунас 76:79 (17:17, 23:16, 19:19, 17:27)

Валенсија – Асвел Лион 81:72 (16:18, 19:18, 21:16, 25:20)

Scroll to Top