Top Sport

Грин во кариерата издвоил милион долари за казни

Дрејмонд Грин, играчот за Голден стејт Вориорс, за тепачката со соиграчот Џордан Пул, не доби суспензија, туку ќе биде парично казнет. Еден од најдобрите дефанзивци во лигата се повлече од тимот на неколку дена по инцидентот, но наскоро ќе се врати.

Грин е казнет само парично (сумата не е објавена) и ќе биде со тимот за отворањето на сезоната следната недела против Лос Анџелес Лејкерс.

Со оваа казна 32. годишниот Грин стана еден од најказнуваните НБА играчи во историјата.

Имено, на крајот од минатата сезона вкупната сума на казни кои ги платил во кариерата изнесувала околу 994.000 долари. Ова значи дека само на казни, во текот на кариерата Грин издвоил повеќе од 1.000.000 долари.

Грин е играч на Вориорс веќе 10 години и заедно со Стеф Кари и Клеј Томпсон е најважниот играч во освојувањето на четирите шампионски титули.

Додека Кари и Томпсон се задолжени за поентирање, Грин е најважниот играч во одбрана на кошот за својот тим и сигурен креатор на нападот кога топката не е во рацете на Кари.

Scroll to Top