Top Sport

Гризлите понижени и посрамени во Шарлот (Видео)

Изминатата ноќ во НБА лигата ја обележа импресивната победа на Шарлот Хорнетс над Мемфис Гризлис 140:79. Кемба Вокер го предводеше победникот со 46 поени.

Франшизата од Мемфис го доживеа најтешкиот пораз во својата историја, додека Шарлот го забележа најубедливот триумф во клупската историја. Шарлот го собори рекородт од 1992 година и триумфот над Филаделфија со 52 поени.

Исто така ова шесттата најубедлива победа во историјата на НБА лигата. Рекордната победа во 1991 година ја забележал Кливленд над Мајами со 68 поени разлика.

Кемба Вокер го предводеше Шарлот со 46 поени. Тој погоди десет тројки од 14 обиди. Бекот на Хорнетс деветти пат во кариерата постигна повеќе од 40 поени.

На овој натпревар во тимот на Шарлот го немаше Двајт Хауард, кој на претходниот дуел во лигата, против Бруклин, имаше учинок од 32 поени и 30 скока.

Кај Мемфис најефикасен беше Тајрик Еванс со 16 поени, 7 скока, 4 асистенции.

Scroll to Top