Top Sport

Дрогба: Знам двајца што се подобри од Меси

Некогашниот напаѓач на Челси, Дидие Дрогба, смета дека Лионел Меси не е најдобриот фудбалер на сите времиња.

Во разговор за АФП, Дрогба порачал дека Меси е најдобриот фудбалер на денешницата, но кога станува збор за најдобриот во историјата пред него се Пеле и Марадона.

„Доколку Меси сега ја заврши кариерата, ќе ја заврши како еден од најголемите. Веќе е легенда, посебен фудбалер, сепак не е на нивото на Марадона и Пеле. Но искрено не е далеку од нив“, рекол Дрогба.

Според Дрогба она што му недостига на Аргентинецот во кариерата е светска титула со националниот тим.

„Кога би го освоил светското првенство тоа би го сместило меѓу легендите“.

Лионел Меси (30) во кариерата освоил пет „Златни топки“ и четири титули во Лигата на шампионите, меѓутоа нема ниту една титула со сениорската репрезентација на Аргентина. Најблиску до мундијалска титула беше пред четири години кога Аргентина беше поразена во финалето на СП во Бразил.

Scroll to Top