Градот Мемфис во професионалниот спорт во САД е застапен само со кошарката, но како стојат работите во блиска иднина може да остане и без неа.
Американските медиуми тврдат дека сопственикот на „гризлите“ Роберт Пера ќе побара дозвола од лигата да го пресели тимов во друг град. Пера е сопственик на клубот од 2012 година.
Веројатна дестинација е северот на Калифорнија, каде што е домот на Пера.
Гризлис како франшиза во НБА влегоа во 1995 година. Клубот е основан во Ванкувер, преселбата во Мемфис се случи во 2001 година.
Како една од причините што Пера сака да да ја пресели франшизата е слабата посетеност на натпреварите во Мемфис.