Кошаркарите на Грција дојдоа до победа на стартот од Мундобаскетот. Тие го победија Јордан со 92:71 во првото коло од групата Ц што се игра во Манила.
Грција на Мундобаскетот дојде драстично ослабена без главните ѕвезди Јанис Адетокумбо, Ник Калатес и Костас Слукас, а на натпреварот против Јордан селекторот Итудис не можеше да смета ниту на повредениот Константинос Митоглу.
И покрај сите тие отсуства, Јордан немаше многу шанси. Грците до победата ги предводеше Јанулис Ларенцакис со 19 поени.
Ренди Холис-Џефесон беше најефикасен на натпреварот со 24 поени, а 14 постигна од Ахмед Дувериоглу.
Во вториот натпревар од оваа група денеска играат Соединетите Американски Држави и Нов Зеланд.