Top Sport

Ракетите приземјени во Денвер, Лилард броеше до 50 (Видео)

Никола Јокиќ, Демијан Лилард, Домантас Сабонис и Каваи Ленард индивидуално ги обележаа натпреварите во НБА лигата кои минаа во сенка на веста за трагичната смрт на легендарниот Коби Брајант.

Денвер Нагетс, во дербито, им се реваншираа на Хјустон Рокетс за поразот од пред неколку дена во Тексас. Нагетс славеа со 117:100.

Никола Јокиќ мечот го заврши со трипл-дабл (24 поени, 12 скока, 11 асистенции). За српскиот центар ова беше 37 трипл-дабл во кариерата. Во отсуство на неколку важни играчи кај Денвер се истакна и Џереми Грент со 25 поени.

Хјустон овој меч го играа без Џејмс Харден. Тимот го предводеше Расел Вестбрук со 32 поени, седум скока и асистенции но и неверојатни десет „продадени“ топки.

Портланд во исклучително ефикасен меч ја победија Индијана 139:129. Демијан Лилард го растури Пејсерси со 50 поени, осум скока и 13 асистенции. Покрај Лилардослични кај Портланд беа уште Си Џеј Мекалун (28 поени) и Хасан Вајтсајд (21 поен, 14 скока).

Индијана ја предводеа Домантас Сабонис со 27 поени, 14 скока и 11 асистенции и Џереми Лемб со 28 поени. За Литванецот ова е втор трипл-дабл во кариерата.

Лос Анџелес Клиперс победија во Орландо 112:97. Каваи Ленард забележа 31 поен, 14 скока и седум асистенции. Ова беше осмиот натпревар во низа на кој Ленард постигнува 30 или повеќе поени.

Резултати:

Сан Антонио-Торонто 106:110
Атланта-Вашингтон 152:133
Мемфис-Финикс 114:209
Њу Орлеанс-Бостон 123:108
Њујорк-Бруклин 110:97.

Scroll to Top