Илјадници луѓе ги преплавија улиците на Денвер откако Нагетс ја обезбедија својата прва титула во НБА.
Американските медиуми јавуваат дека бурната прослава ја одбележал инцидент во кој имало масовно пукање, на само еден километар од Бол Арената каде Нагетс го победија Мајами со 94:89 во петтиот натпревар од финалната серија и со тоа ја освоија титулата славејќи со 4:1.
Во престрелката што избила се повредени вкупно девет лица, меѓу кои и осомничениот. Тројца се во критична состојба, додека другите жртви и осомничениот се здобиле со повреди кои не се опасни по живот. Истрагата е во тек. Првите резултати покажуваат дека до пукањето дошло по конфликт меѓу неколку лица, соопшти локалната полиција.
Fans climbing on stoplights in downtown Denver after the @nuggets win. Covering the postgame madness for @denverpost. pic.twitter.com/HEOUnpxbQl
— Megan Ulu-Lani Boyanton (@meganululani) June 13, 2023
Тоа не беше единствениот инцидент вечерта кога Нагетс постигнаа историски успех. Полицијата соопшти и дека мотоциклист удрил во пешак на пешачки премин, по што избегал од местото на несреќата.
„Пешакот со тешки повреди е пренесен во болница“, додаваат од полицијата.
И покрај апелите од НБА лигата и полицијата, навивачите на Денвер да слават безбедно и одговорно, забавата излезе од контрола, па навивачите биле забележани како висат од семафорите низ градот и се качуваат врз автомобилите.
Meanwhile, in Denver: https://t.co/4BalSCSEiI
— philip lewis (@Phil_Lewis_) June 13, 2023