Џејсон Тејтум, 22 годишниот играч на Бостон Селтикс, на „Инстаграм говорел за своите омилени играчи. Од одговорите се забележува дека Тејтум не го „мириса“ Јанис Адетокумбо.
„Плејмејкер е Стеф Кари, а ‘двојка’ Џејмс Харден. Тој требаше да биде МВП минатата сезона, мораше да има две награди по ред. Ова е 28 сезона за Леброн и мислам дека доколку таа беше завршена дека тој ќе беше МВП“, рекол Тејтум шегувајќи се за бројот на годините што Леброн ги поминал во НБА. Џејмс ја игра својата 17 сезона во лигата.
„На позицијата четири би го ставил Ентони Дејвис од Лејкерс, а најдобар центар е Џоел Еммбид од Филаделфија“.
Тејтум е во НБА од 2017 година кога како трет пик на драфтот го избраа токму Бостон Селтикс. Тековната сезона му е најдобра во кариерата, во просек има 23,6 поени, 7 скока и 2,9 асистенции по натпревар.